СОЦИЈАЛНО ХУМАНИТАРНА ДЕЈНОСТ
Активности
|
|
Посета на Црвениот крст на РМ од страна на претставник на Црвениот крст на Баден Виртемберг
|
|
Од 12 до 14 март 2013 година г-дин. Ханс Милер претставник на Германскиот Црвен крст на Баден Виртемберг го посети Црвениот крст на РМ, со која организација остварува долгогодишна плодна соработка и поддршка во изминатите дваесет години. За време на неговата посета остварена беше средба со Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин. Саит Саити кој изрази благодарност за досегашната поддршка, како и за донираната хуманита...
|
|
3/15/2013
повеќе...
|
|
|
|
|
Младите во борба против трговија со луѓе
|
|
Црвениот крст на Република Македонија во рамките на проектот „Младите во борба против трговија со луѓе“ поддржан од страна на Владата на Република Македонија од 21 до 24 февруари 2013 година, во Центарот за едукација на Црвениот крст во Струга одржа работилница за обука на волонтери на Црвениот крст за врсничка едукација на млади за борба против трговија со луѓе.
Целта на обуката е да се зацврстат капацитетите на волонтерите о...
|
|
2/25/2013
повеќе...
|
|
|
|
|
Недела на грижа за старите лицa „НИЕ сакаме, ВИЕ знаете, ЗАЕДНО можеме“
|
|
Црвениот крст на РМ во соработка со Министерство за труд и социјална политика, ЕВН Македонија и Сојуз на здруженија на пензионери во РМ на 17.11.2012 година одржа прес конференција по повод одбележувањето на Недела на грижа за старите лица.
Во период од 19 до 25 ноември 2012 година под мотото: „НИЕ сакаме, ВИЕ знаете, ЗАЕДНО можеме“, Црвениот крст на РМ ќе ја одбележи традиционалната „Недела на грижа за старите лица“ со цел да се...
|
|
11/19/2012
повеќе...
|
|
|
|
|
Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби
|
|
Црвен крст Гостивар во соработка и поддршка на Комерцијална банка АД Скопје денес во 12,00 часот во Дом на култура во Гостивар организираа претстава „Роденденот на Линда” и Хуманитарна изложба на дела изработени од децата во Дневниот центар за деца со посебни потреби – Гостивар.
Присутни беа Генералниот секретар на Црвен крст на РМ г-дин Саит Саити, г-ѓа Маргарита Огненовска директор на дирекцијата за управување со мрежата на фил...
|
|
10/08/2012
повеќе...
|
|
|
|
|
100 пакети со храна за најзагрозени семејства по повод Рамазан Бајрам и Светскиот ден на хуманитарните работници
|
|
100 пакети со храна за најзагрозени семејства од муслиманска вероисповед денес беа донирани по
повод верскиот празник Рамазан Бајрам и Светскиот ден на хуманитарните работници. Црвениот
крст на РМ оваа активност ја реализираше со поддршка на Кам маркети, компанија која се повеќе е
ориентирана кон поддршка на заедницата.
Дистрибуцијата беше организирана од страна на Црвениот крст на град Скопје во Хуманитарниот
дом Даре Џа...
|
|
8/16/2012
повеќе...
|
|
|
Претходна
Следна
Активности 2010
Заеднички развој на заедницата
Програмата за Заеднички развој на заедницата со поддршка на Германскиот црвен крст во текот на 2010 година
беше имплементирана преку Општинската организација на Црвен крст на Пробиштип. Во соработка со владини институции,
локална самоуправа, здруженија на граѓани, волонтери на Црвениот крст и претставници на ранливата заедница беа
спроведени проектните циклус активности во ранливата ромска заедница ,,Доне Божинов,,. Врз основа на утврдените
приоритетни потреби на заедницата, со имплементација на микро проектот извршена е изградба на бетонски тротоари
покрај бараките, потпорен ѕид и бекатонски пристапни патеки до бараките во кои живее заедницата. Променета е дел
од атмосверската канализација, како и поставени се клупи за одмор покрај патеките. Пристапната патека ја користат
не само жители на заедницата, туку и останатото локално население. Извршени се едукативна предавања со цел превенција
од заразни болести кај жителите на заедницата. Подобрена е соработката и воспоставени се нови локални партнерски односи
со партиципиентите вклучени во проектот: Локаланата самоуправа како донатор и партиципиент во проектот, Јавното комунално
претпријатие во градот како донатор и партиципиент, Шумското претпријатие, граѓанскиот сектор, жителите во заедницата и
останатото локално население. Стекнати се нови вештини и знаења за работа кај членовите на ЗРЗ тимот кои можат истите да
ги применуваат за спроведување на други натамошни активности. Со имплементација на проектните активности зголемен е
бројот на нови волонтери, како и зајакнат е имиџот на општинската организација.
Клуб за пензионери
Проектот ,,Достоинствена старост,, со поддршка на Германскиот црвен крст во текот на 2010 година се имплементираше преку
Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка. Проектот има за цел да обезбеди достоинствен живот на старите и
изнемоштени лица од Крива Паланка и руралните подрачја во општина Ранковце, Петралица, Милутинце и Гиновци. Проектните
активности се насочени кон вклучување на старите лица во општествените активности на заедницата, исполнето секојдневие,
како и обезбедување на помош за најранливите групи од селските населби. Проектот се реализира преку функционирање на
Клуб на пензионери во Крива Паланка и мобилен тим за теренски активности. Оновната цел е подобрување на квалитетот на живот
на старите лица, преку подобрување на нивната психо-социјална состојба, едукативни и креативни работилници, стекнување со нови
вештини и комуникации, грижа за нивното здравје, како и хуманитарна помош и здравствена грижа за осамените и изнемоштени стари
лица од руралните средини. Со цел да се оствари континуитет во реализација на проектните активности кои се прифатени од страна
на целната група, Црвениот крст ќе прави напори да се обезбедат партнери за соработка и идна поддршка на активностите кои успешно
се реализираа преку општинската организација.
Недела на грижа за старите лица
Црвениот крст на Република Македонија од 15 до 21 ноември 2010 година со пригодни активности
ја одбележува традиционалната "Недела на грижа за старите лица" под мотото: "Староста е вредна за почит".
Целта за одбележување на Неделата е да се побуди чувство кај луѓето за потребната грижа на
старите и изнемоштени лица, посебно кај младите да се создаде навика за помагање и водење на поголема грижа за старите лица.
По повод неделата, преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст во земјата ќе се
организираат многубројни активности за помош и грижа на старите и изнемоштени лица: едукативни предавања за младите;
посети во домовите за стари лица, пензионерските домови со вклученост на младите волонтери на Црвен крст и доделување на
пригодни подароци; организирано мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок; посети на стари и изнемоштени лица во нивните
домови со вклученост на младите волонтери на Црвен крст во придружба на здравствени работници и доделување на соодветна
помош на оние стари лица кои имаат таков вид на потреба.
Во текот на Неделата со повик на броевите 070/075/077 143 400 можат да се донираат 100 денари за поддршка на
хуманитарните активности на Црвениот крст на Македонија наменети за старите и изнемоштени лица.
Меѓународен Ден на гладта
Црвениот крст на Република Македонија по повод одбележувањето на 16 Октомври - Меѓународниот Ден на гладта
традиционално организира кампања, која се спроведува од 16 до 22 октомври, преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на
град Скопје, под мотото: „Помислете и на нас“. Целта на кампањата е покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на
сиромаштијата, како и изнаоѓање на фондови за помош на ранливото население. Во рамките на кампањата се организираат собирни акции за
обезбедување на храна во соработка со училишта, со големи маркети, како и донации од граѓани и компании. Исто така се организираат
акции за собирање на парични средства преку дистрибуција на вредносни бонови, акции за обезбедување на „Сендвич за мојот другар“
организирани во соработка со училиштата, донација на сендвичи, пецива и др. од пекари и компании, хуманитарни забави организирани од
Клубовите на млади при општинските организации на Црвениот крст, обезбедување на оброци во училишта за деца на социјално загрозени семејства,
како и други хуманитарни активности.
Во кампањата која се спроведе минатата година се обезбедија вкупно 609.759,00 денари од кои средства беше набавена храна која заедно со собраната
количина во вкупно 12.495 кгр, како и обезбедената 12.495 кгр. облека и обувки беше доделена на социјални случаи, како и на социјални институции.
Во рамките на кампањата беше организирана и акција за обезбедување на парични средства од страна на корпоративниот сектор. Македонска пошта беше
партнер во оваа акција која овозможи преку општинските организации на Црвениот крст без надомест да се испратат информативни флаери до 13.000
компании во целата земја. Со цел акцијата да биде помасовно прифатена од страна на корпоративниот сектор, истата беше промовирана и преку трите
стопански комори во Македонија со кои Црвениот крст на РМ има потпишано меморандуми за соработка. Во акцијата се обезбедија вкупно 203.200,00 денари
донирани од 174 компании во 24 општини во земјата. Од средствата се обезбедија 340 семејни пакети со храна и истите преку општинските организации се
доделија на ранливи целни групи на население.
Подобрување на социјализацијата на деца и младинци со посебни потреби
Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на град Скопје во соработка со Заводот за социјални дејности и во текот на 2010 година
организираа заеднички активности за поддршка на децата со посебни потреби. На 24 и 26 Март 2010 година, беа одржани две работилници за евалуација
на реализираните заеднички активности за подобра социјализација на лицата со посебни потреби. Целта на работилниците беше да се утврдат постигнатите
резултати, ефектите од имплементираните активности, како и да се дадат насоки за идно дејствување на локално ниво. На работилниците присуствуваа
претставници на шестнаесет општински организации на Црвениот крст, како и претставници на центарите за социјална работа и дневните центри за грижа
на лицата со посебни потреби.
Во текот на годината според заедничките планови за акција беа имплементирани разновидни активности, креативни работилници со децата во дневните
центри, едукации, социјални игри, спортски активности и многу други социјални активности.
Борба против трговија со луѓе
Во рамките на Програмата за борба против трговија со луѓе, Црвениот крст на Република Македонија и во текот на 2010 година имплементираше
активности на превентивен план со цел да се подигне свеста на младите за навремено препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени
во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.
Активностите се имплементираа преку Црвениот крст на град Скопје и петте општински организации на Црвен крст во Скопје и општинските организации
на Црвениот крст Битола, Охрид, Тетово, Кавадарци, Ресен и Гевгелија.
Формираните тимови од по 4 младинци и координаторот на секоја општинска организација, организираа едукативни
работилници наменети за младите во основни, средни училишта, како и едукација на младите волонтери во клубовите на
млади на Црвениот крст. На едукативните сесии беше дистрибуиран промотивен материјал за младите.
Во текот на годината беа одржани вкупно 37 едукативни сесии со кои беа опфатени 976 младинци од 11 средни училишта,
18 основни училишта, 1 средношколски дом и 3 Клубови на млади на општинските организации на
Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.
Од 22 до 24 септември 2010 година во Белград, во организација на Црвен крст на Србија се одржа третиот состанок на
националните друштва од регионот кои имплементираат програма за превенција од трговија со луѓе. На состанокот
присуствуваа претставници на национални друштва на Црвен крст Србија, Македонија, Црна Гора, Белорусија, Данска,
Норвешка и Холандија. Целта на средбата беше размена на искуства со акцент на мобилизирање на млади волонтери активно
да се вклучат во превентивните активности за борба против трговија со луѓе.
Со цел размена на искуства и зацврстување на стекнатите вештини и знаења претставници на општинските организации и Црвениот крст на град Скопје во текот
на годината земаа учество на повеќе едукативни работилници организирани во земјата, како и на меѓународен план.
Недела на борба против трговија со луѓе
Црвениот крст на Република Македонија и оваа година од 2 до 9 декември се вклучи во одбележувањето на „Неделата на борба против трговија со луѓе“ кои активности
произлегуваат од Националниот акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Република Македонија. Превентивните активности се имплементираа
преку Црвениот крст на град Скопје, општинските организации на Црвен крст во Скопје: Центар, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба, Карпош, како и општинските организации на
Црвениот крст Битола, Охрид, Тетово, Кавадарци, Ресен и Гевгелија. Во текот на неделата беа организирани 18 едукативни работилници со кои беа опфатени вкупно 491 ученик
од 5 основни и 8 средни училишта, како и волонтери од четири клубови на млади на Црвениот крст. Исто така во текот на неделата во Скопје на Плоштадот - Македонија беше
поставен штанд на кој младите волонтери на Црвениот крст нудеа информативно - едукативни материјали.