Click for Skopje-Petrovec, Macedonia Forecast     Температура Скопје :
       МЕНИ
         Линкови


1
1
1
1
.

         Пребарување

         Контакт


Macedonian Red Cross
Blvd. “Koco Racin 13” Skopje
tel. ++ 389 2 3114 355
tel. ++ 389 2 3230 542
mrc@redcross.org.mk
www.redcross.org.mk

         ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


  Планинско спасителна станица Водно. . .

 

 

1

Контакт телефон: 02/3177-026, моб 075/928-587    

 

Спасителна станица на Водно, сопственост на Црвениот крст на град Скопје, прва и единствена во Македонија, функционира три години. Години кои значат многу за безбедноста на бројните посетители на планината Водно. Посебно, со изградбата на милениумскиот крст и асфалтирањето на патот до врвот на планината, бројот на из-
летниците и туристите е видно зголемен, а зголемен е ризикот од разни повреди и потребата
од нивно згрижување. Меѓутоа, волонтерите на Црвениот крст на Скопје, поточно тимот за спасување на планина, кои се оспособени за стручно, брзо и ефикасно укажување на помош во изминатиот период беа гаранција за безбедноста на посетителите на планината Водно. Тие викендите и празниците обезбедуваа дежурство во Спасителната станица и
резултатите се очигледни. Во текот на 2007 год.имаа околу 150 интервенции. На лесно повредените прва помош им беше укажана на самото место, а потешко повредените, по укажаната прва помош, со возило на Црвен крст ги транспортираа до најблиската здравствена установа.
Покрај интервенициите од прва помош, дежурните планинари им помагаа на излетниците за
нивна ориентација, организираа потрага по исчезнати лица, преку нагледни вежби ги едуци-
раа излетниците, ги маркираа патеките и сл.
За подобро информирање на граѓаните, Црвениот крст на град Скопје изработи флаер со ин-
формативна содржина за работата на Спасителната станица и контакт телефонот од истата .


 

        Календар на активности


        Биди волонтер


КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Во Република Македонија во организацијата на Црвениот крст на Р.Македонија, работат 34 општински организации и Градската организација на Црвениот крст во Скопје.
Секој граѓанин на нашата држава кој е заинтересиран за вклучување во реализацијата на активностите на Црвениот крст на Република Македонија, може истото да го стори со посета на една од општинските организации на Црвениот крст...

Читај Повеќе...

       


 
Copyright © 2008 Macedonian Red Cross
Created and Hosted by DNW Solutions