Единицата за одговор при катастрофи . . .
Единицата за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Македонија преставува специјализирана оперативна форма на делување во случај на катастрофи во земјата и странство.

ЕОК е составена од волонтери-специјалисти од разни области. Единицата има командант и 5 тима: за прва помош, спасување на планина, спасување на вода, вода и санитација и медицински тим.
Членовите на Единицата се опремени со лична и колективна опрема, преку Тренинг семинари постојано се едуцираат, ја одржувааат сопствената кондиција и оспособуваат нови членови.
Спремноста и оспособеноста за делување во евентуални катастрофи ја прикажуваат преку организирање на нагледни вежбовни активности.
Сите поголеми културни и спортски манифестации ги обезбедувааат членови на ЕОК.
|