ПОДГОТВЕНОСТ И ДЕЈСТВУВАЊЕ ПРИ КАТАСТРОФИ . . .
Подготвеност и дејствување при катаастрофи- оспособување на организацијата за брзо и ефикасно дејствување во случај на катастрофи.
Катастрофите ја менуваат демографската и соци јалната структура во светот. Влијаат на луѓето и го менуваат начинот на живот. Последиците се големи и долготрајни. Поради тоа, Црвениот крст на град Скопје, постојано работи на сопственото оспособување за брзо и ефикасно дејствување во случај на катастрофи. Преку предавања,тренинг активности и информативно-пропаганден материјал работи на подигање на свеста кај граѓаните, посебно кај младите луѓе. Ги координира и дава непосредна помош на општинските организации на Црвен крст за изготвување на планови засновани на проценката на индивидуалните ризици и постоечките ресурси. Посебно дава придонес во подобрување на брзината и ефикасноста на координативните механизми помеѓу градот и општините.
|