ДИСЕМИНАЦИЈA. . .
Црвениот крст на Република Македонија во рамките на активностите за дисеминација, ќе спроведе ,,Кампања за заштита и употреба на амблемот Црвен крст во Република Македонија ,, под мотото " СИМБОЛ ЗА ПОЧИТ"
ШТО Е ДИСЕМИНАЦИЈА?

Во поширока смисла на зборот дисеминација е ширење на знаењата за Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, улогата и мандатот на Меѓународниот комитет на Црвен крст, Меѓународна федерација на национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и активности на национални друштва, основните принципи на Движењето, Меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности.
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ
● ХУМАНОСТ ● НЕПРИСТРАСНОСТ ● НЕУТРАЛНОСТ ● НЕЗАВИСНОСТ ●
● ДОБРОВОЛНА СЛУЖБА ● ЕДИНСТВО ● УНИВЕРЗАЛНОСТ ●
Дисеминацијата е една од приоритетните цели на Црвениот крст на РМ согласно Развојниот план на Организацијата за периодот 2006-2010, како законска и статутарна обврска.
Дисеминацијата ја вршат едуцирани кадри (волонтери и професионално вработени) чие оспособување започна од 1995 година од Меѓународен комитет на Црвен крст (МКЦК), а продолжи во 2002 и 2004 година преку семинари организирани од страна на ЦКРМ.
Во профилот на дисеминаторите опфатени се лица со мешана образовна,возрасна, полова и етничка структура.
Како целни групи на слушатели се главно ученици од основното и средно образование, студенти, претставници на месна и локална самоуправа, невладини организации и здруженија на граѓани, како и членови на раководна структура во ООЦК.
Теми кои се обработуваат на презентациите се: историјат на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумсечина, основните принципи, амблемот на Црвениот крст, мандатот и активностите на компонентите на Движењето, активности на Црвен крст на РМ, Меѓународно хуманитарно право со Женевски конвенции од 1949 година и Дополнителни протоколи од 1977 година. Во зависност од целната група на слушатели се презентираат и соодветни теми.
За презентација се користат печатени и видео материјали, прирачници, флип чартови и нагледни средства.
_______________________________________________________________________________________
СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ

• Градење капацитет на волонтерска мрежа
• Јакнење на програмата за дисеминација/комуникација
• Обука на вработени во Организацијата на Црвениот крст
• Дисеминациски сесии од едуцирани дисеминатори
• Печатење и промоција на материјали
_______________________________________________________________________________________
АКТИВНОСТИ

Дисеминациски сесии - Дисеминаторите од општинските организации на Црвен крст и Градската организација на Црвен крст Скопје месечно вршат дисеминациски сесии во општините со одредување на целни групи на слушатели и во зависност од тоа одржуваат презентации од програмските содржини на дисеминацијата.

Работилници со дисеминатори - Заради континуитет на информирањето, извештај и договор за натамошни чекори, за подобро запознавање на дисеминаторите од областа на МХП, посебно се обработуваат одредби од Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година и воопшто МХП.

Едукација на кадри - Преку семинари на Црвениот крст се врши оспособување на волонтери за реализирање на активности за дисеминација.
Проектни активности
_______________________________________________________________________________________
ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ АКТИВНОСТИ (Линк)
_______________________________________________________________________________________
НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА МЕЃУНАРОДНО ХУМАНИТАРНО ПРАВО
Иницијативата на Црвениот крст на Република Македонија за формирање на меѓуресорско тело за дисеминација и имплементација на Меѓународното хуманитарно право (МХП) во Република Македонија е прифатена и завршно усвоена во месец јуни 2006 година со Заклучок на Владата на Република Македонија. Согласно Заклучокот Владата на РМ во соработка со Црвениот крст на РМ формира Национален комитет за меѓународно хуманитарно право со седиште во просториите на Црвениот крст.
Во состав на Националниот комитет членуваат претставници од: Министерство за одбрана, Министерство за правда, Министерство за образование и наука, Министерство за култура, Министерство за здравство, Генералниот секретаријат на Владата на РМ, како и Црвениот крст на Република Македонија.
Со националниот комитет претседава претставникот на Министерството за надворешни работи а административно-техничките работи ги врши стручен соработник од Црвениот крст на РМ.
_______________________________________________________________________________________
ПЕЧАТЕНИ И ИЗДАДЕНИ МАТЕРЈАЛИ

• Брошура *Постојана хуманитарна мисија* (на македонски и албански јазик)
• Брошура *Историја на Црвениот крст* (на македонски и албански јазик.
• Издание на *Женевски конвенции од 1949 и Дополнителни протоколи од 1977 година*;
• Правила за употреба и заштита на амблемот на Црвениот крст;
• Брошура за амблемот на Црвениот крст;
• Стрип *Приказна за една идеја* на македонски, албански, српски и ромски јазик;
• ДВД-ЦД за овој стрип на македонски и албански јазик,
• Прирачник за практична употреба на Меѓународно хуманитарно право на македонски и албански јазик;
• Други материјали кои се во функција на дисеминацијата.
|