|
|||
| Показно-тактичка вежба за евакуација и спасување во случај на земјотрес |
|
There are no translations available. Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и соодветните институции од општина Струмица, во училиштето Димитар Влахов од Струмица организираше показно-тактичка вежба за евакуација и спасување во случај на земјотрес.Главна цел на вежбата беше да се провери функционалноста на планот за евакуација и спасување на повредени и загрозени лица од објектот на училиштето Димитар Влахов, како и увежбување на координацијата помеѓу институциите од системот за управување со кризи и заштита и спасување во услови на природни катастрофи. Јакнењето на капацитетите и довербата во институциите на системот е од голема важност за намалување на последиците врз ранливите групи во општеството, меѓу кои спаѓаат и децата. Намалувањето на ранливоста најчесто зависи од знаењето и вештините на институциите на локално ниво. Вежбата беше организирана по повод Меѓународниот ден за намалување на природните катастрофи, во рамките на локалната компонента на проектот Зајакнување на капацитетите на Центарот за управување со кризи. Проектот се спроведува од страна на Центарот за управување со кризи и УНДП со финансиска поддршка на Владата на Јапонија и Програмата за развој на Обединетите нации – Биро за заштита од кризи и закрепнување.
Целта на спроведувањето на вежбата беше проверка на функционалноста на планот за заштита и спасување во СОУ “Димитар Влахов” Струмица во делот евакуација и спасување на повредени и загрозени лица во објектот на училиштето, увежбување на вработените и учениците за правилна постапка во услови на загрозеност и употребата на професионалните институции на државата и локалната самоуправа за итни интервенции во објекти со приоритет во случај на несреки и катастрофи од поголеми размери. На целокопната вежбовна активност и претходеше организирање на еднодневен семинар-работилница за професорите од Струмичиот регион. Уцесниците на семинарот-работилница се едуцираа од областите на: * обврски на образовните институции на планот за подготвеност при катастрофи * законска регулатива за обрвските на образовните институции на планот за подготвеност при катстрофи * општо за катастрофите и активности пред, за време и после катастрофите на вработените и учениците во обраозвните институции. * изготвување на елаборат за евакуација( План за евакуација) Од страна на Црвениот крст на Р.М беа изработени информативни табли со евакуациони планови кои беа ставени на соодветни места во гимназијата. Според изработениот план за евакуација, во гимназијата беа инсталирани и електрични панични светла. |


Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и соодветните институции од општина Струмица, во училиштето Димитар Влахов од Струмица организираше показно-тактичка вежба за евакуација и спасување во случај на земјотрес.

Macedonian Red Cross operates in the Republic of Macedonia through the network of 34 Red Cross Branches and the City Red Cross of Skopje.






