ЦЕНТАР ЗА ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА. . .
Центарот за обука и едукација нуди едукативни услуги за одредени целни групи на население со цел заштита на здравјето и подобрување на условите за живот, намалување на последиците на катастрофите, како и едукативни услуги за населенето за нивен личен напредок.
Едукативни услуги кои ќе ги нуди центарот:
- Курсеви за прва помош
- Курсеви за спасување на вода
- Курсеви за спасување на планина
- Промоција на хумани вредности - едукација
- Курсеви за странски јазици
- Курсеви за компјутери
Центарот е опремен со најмодерна техника. Курсевите ќе се одржуваат во високо модерни кабинети со максимум 12 слушатели.
Примарна цел е слушателите да добијат најквалитетна обука со најновите и најдобри технологии. За таа цел обуката во Центарот ќе се одвива во мали групи, со стручни едукатори/инструктори.
При изведувањето на курсевите ќе се користат аудио и видео материјали, настојувајќи да се олесни процесот на обуката, како и да се направи што поинтересна.
Центарот обезбедува литература за соодветниот вид на едукација со цел за поуспешно следење на наставата согласно подготвени најнови програми и методи.
Ако сакате да дознаете нешто повеќе за нас, повелете посетете не, од 15 јануари 2007 година
Центарот за обука и едукација ги отвара вратите само за Вас!
Бидете во чекор со времето, направете да Ви бидат достапни што повеќе информации и да го зголемите
Вашиот капацитет на знаење!
Центар за обука и едукација е лоциран во зградата на Црвениот крст на Република Македонија во Скопје.
Капацитети: Центарот е со вкупна површина од 160м2
Три училници од по 20м2
1 училница 35м2
Административен простор
Модерна техничка опременост
Можност за формирање на 4 групи за обука од по 12 слушатели
Адреса: Бул. “Кочо Рацин” 13, 1000 Скопје
Телефон: 02/3114-355 Факс:02/ 3230-542
е-маил: mrc@redcross.org.mk
www.redcross.org.mk
|