Click for Skopje-Petrovec, Macedonia Forecast     Температура Скопје :
       МЕНИ
         Линкови


1
1
1
1
.

         Пребарување

         Контакт


Macedonian Red Cross
Blvd. “Koco Racin 13” Skopje
tel. ++ 389 2 3114 355
tel. ++ 389 2 3230 542
mrc@redcross.org.mk
www.redcross.org.mk

         ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


  Информирање и комуникации . . .



Информирањето и комуникациите мора да се гледаат како клучен елемент за надградба на капацитетите и мора да се увиди потребата за заеднички пристап за промовирање на акциите и вредностите на Црвениот крст на Република Македонија на конкурентен и професионален начин. Интегрирањето на информирањето и комуникациите во структурата на националното друштво, стекнувањето на нови вештини и знаења и развивањето на долгорочни комуникациски стратегии се целите кои водат кон зајакнување на имиџот на организацијата.

АКТИВНОСТИ

• Постојано следење и унапредување на активностите на планот на внатрешната и надворешната комуникација на Црвениот крст на Република Македонија;

• Подготовка и печатење на весникот на Црвениот крст на Република Македонија *Хумани Меридијани*;

• Подготовка и електронска дистрибуција на е-весникот на Црвениот крст на Република Македонија;

• Одржување и надоградба со нови содржини на ЊЕБ страната на Црвениот крст на РМ;

• Постојан контакт со средствата за јавно информирање, заради навремено информирање на јавноста за реализираните активности;

• Електронско архивирање на изданијата на Црвениот крст на Република Македонија;

• Спроведување на истражување на јавното мислење за состојбата на имиџот на Црвениот крст на Република Македонија.

 

        Календар на активности


        Биди волонтер


КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Во Република Македонија во организацијата на Црвениот крст на Р.Македонија, работат 34 општински организации и Градската организација на Црвениот крст во Скопје.
Секој граѓанин на нашата држава кој е заинтересиран за вклучување во реализацијата на активностите на Црвениот крст на Република Македонија, може истото да го стори со посета на една од општинските организации на Црвениот крст...

Читај Повеќе...

       


 
Copyright © 2008 Macedonian Red Cross
Created and Hosted by DNW Solutions