Click for Skopje-Petrovec, Macedonia Forecast     Температура Скопје :
       МЕНИ
         Линкови


1
1
1
1
.

         Пребарување

         Контакт


Macedonian Red Cross
Blvd. “Koco Racin 13” Skopje
tel. ++ 389 2 3114 355
tel. ++ 389 2 3230 542
mrc@redcross.org.mk
www.redcross.org.mk

         ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 
КАКО ДА СТАНЕТЕ  ЧЛЕН  НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Во Република Македонија во организацијата на Црвениот крст на Република Македонија, работат 34 општински организации и Градската организација на Црвениот крст во Скопје.

Секој граѓанин на нашата држава кој е заинтересиран за вклучување во реализацијата на активностите на Црвениот крст на Република Македонија, може истото да го стори со посета на една од општинските организации на Црвениот крст, каде што ќе добие подетални информации за сите активности кои што се реализираат во општинската организација на Црвениот крст, како и да се одлучи во кои дел од активностите ќе се вклучи.

Правата, обрските и престанокот на членството во организацијата на Црвениот крст на Република Македонија е регулирано со Статутот на Црвениот крст на Република Македонија.

Во Статутот на Црвениот крст на Република Македонија е регулирано следното:

член 10

Членувањето во Црвениот крст на РМ е доброволно и отворено за сите.  

Член на Црвениот крст може да биде секој граѓанин кој го прифаќа овој статут и доброволно потпишува пристапница .    

Членот на Црвениот крст поседува членска книшка.

Формата и содржината на пристапницата и членската книшка  се регулираат со акт на Извршниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ.

член 11

Членови на Црвениот крст можат да бидат:

-           Активни
-           Претплатници
-           Почесни
-           Патрони

Активни членови се лицата кои активно се вклучени во работата на Црвениот крст и плаќаат годишна членарина.

Претплатници се членови кои плаќаат годишна членарина.

Почесни членови се лица од јавниот живот во Република Македонија и странство, кои со својата доброволна работа, особено со своите заслуги и донации имаат посебен придонес во развојот на Црвениот крст, а за почесни членови се прогласени од Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ.

Патрон е јавна личност назначена од Извршниот одбор, кој постојано го помага националното друштво.

Во активностите на Црвениот крст може да волонтираат и други лица.

член 12

Членовите ги имаат следните обврски:

-           Да ги почитуваат и дисеминираат  основните принципи ;
-           Да ја унапредуваат работата на Црвениот крст на РМ;
-           Да го признаваат и почитуваат Статутот, вклучувајќи го и задолжението             да се почитува и потпомага заштитата на амблемот;
-           Да плаќаат годишна членарина;
-           Да учествуваат активно во работата на националното друштво.

член 13

Членовите на Црвениот крст ги имаат следните права:

-           Да се оспособуваат за извршување на конкретни задачи на организацијата
-           Да учествуваат во работата на организацијата;
-           Да бираат и бидат избрани во органите и телата на организацијата;
-           Да доставуваат предлози и да иницираат прашања до било кој авторитет             во националното друштво.

член 14

Членството во Црвениот крст престанува:

-           Со поднесување писмена изјава за истапување;
-           Со неплаќање годишна членарина, освен доколку претплатата не се обнови, заради што членот претплатник ќе добие потсетување еден месец пред истекот на тековната година;
-           Со исклучување.

член 15

Општинската организација на Црвениот крст исклучува член од членството во следните случаи:

-           При повреда на основните принципи на Движењето;
-           Непочитување на Статутот на Црвениот крст на РМ;
-           Злоупотреба на амблемот на Црвениот крст;
-           Вклучување во активности кои се штетни за угледот или активностите  на Црвениот крст на РМ.

Во случаите на полесна повреда, членот на Црвениот крст добива опомена, и последна опомена пред исклучување.
Членот на Црвениот крст има право на жалба по изречената мерка до Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ.

член 16

Постапката за исклучување од членството во Организацијата, изречените мерки  и правото на жалба се регулира со посебен акт донесен од Собранието на Црвениот крст на РМ.

 

        Календар на активности


        Биди волонтер


КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Во Република Македонија во организацијата на Црвениот крст на Р.Македонија, работат 34 општински организации и Градската организација на Црвениот крст во Скопје.
Секој граѓанин на нашата држава кој е заинтересиран за вклучување во реализацијата на активностите на Црвениот крст на Република Македонија, може истото да го стори со посета на една од општинските организации на Црвениот крст...

Читај Повеќе...

       


 
Copyright © 2008 Macedonian Red Cross
Created and Hosted by DNW Solutions