Среда, 08 Септември 2010
Новости
PDF Печати
Семинар за едукација на мотиватори во крводарителство
seminarВо организација на Црвениот крст на Република Македонија се одржа семинар за едукација на мотиватори во крводарителство. Семинарот го отворија Државниот советник во министерството за здравство прим. д-р Киро Салвани и претседателот на Црвениот крст на Република Македонија Д-р Милчо Трајков.

На семинарот зедоа учество 22 мотиватори од Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Струмица, Кавадарци, Кичево и Ниш. Беше ангажиран Д-р.сци.мед.  Драган Анџелиќ од Институтот за трансфузија на крв во Србија на тема “Мотивација и комуникација во крводарителството”.  Го истакнуваме присуството на академик д-р жан Митрев кој не посети заедно со неговите соработници од Специјалната болница за кардиохирургија “Филип II”, и одржа предавање на тема Потрошувачката на крв во модерната кардиохирургија  илустрирано со видео материјал.
Повеќе...
 
PDF Печати
АПЕЛ

apelВо врска со поплавите предизвикани од монсунски дождови во Пакистан, кои предизвикаа големи материјални штети и човечки загуби, Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот Апел објавен од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за помош на настраданото население во Пакистан во висина од 17.000.000 CHF.

 

 

Повеќе...
 
PDF Печати
Хуманитарна помош од Германскиот црвен крст на Баден Виртемберг

drkДолгогодишната плодна соработка со Германскиот црвен крст на Баден Виртемберг се потврди и во оваа пригода со донација во вредност од 23.000 евра за реализирање на  хуманирани цели на Црвениот крст на Република Македонија.

Помошта се состои од болнички кревети, инвалидски колички, медицинска опрема и истата Црвениот крст ќе ја дистрибуира за потребите на здрваствени институции во Македонија.

 
PDF Печати
Европска натпревар по прва помош - пласман во првите 10 национални друштва кои најуспешно даваат прва помош


log_ckЕвропскиот натпревар по прва помош е дел од Европската Конвенција за прва помош (First Aid Convention in Europe - FACE) и претставува годишен натпревар од едукативно-промотивен карактер на кој екипите по прва помош од Европските национални друштва ги покажуваат своите знаења и вештини во давањето на прва помош.

Во периодот од 08-11 јули 2010 година во Белград, Србија се одржа 24-тиот Европски натпревар по прва помош на кој Црвен крст на РМ го претставуваше екипата од Црвен крст Центар, победничка на минатогодишниот Државен натпревар по прва помош. Натпреварот се одржа на 10 јули 2010 год. на Калемегдан и се состоеше од 28 полигони од кои 9 за прва помош, 9 забавно-едукативни полигони и 10 места за одмор.

Повеќе...
 
PDF Печати
Признанија за најуспешните

priznanijaНа 29 јуни 2010 година во *Паркот на хуманоста* на Црвениот крст на Република Македонија се одржа настан за доделување на признанија-плакети на општинските организации на Црвен крст кои го исполниле планот за крводарителство во 2009 година.

Во своето обраќање пред присутните, Претседателот Д-р Милчо Трајков искажа огромно задоволство за постигнатите резултати во крводарителство, ја истакна добрата соработка со министерството за здравство и трансфузиолошките служби и се заблагодари на општинските организации кои го исполнија планот за крводарителство.  Плакетите на најдобрите 18 општински организации ги додели претседателот на комисијата за крводарителство Д-р Дијана Димитрова.
Повеќе...
 
PDF Печати
Потпишување на меморандум на ЦКРМ со Федерација на Планинарски Спортови на Македонија
memorНа 24 јуни, во просториите на Црвениот крст на Република Македонија  Генералниот секретар на Црвениот крст  на РМ Саит Саити и Претседателот на Федерација на Планинарски Спортови  на Македонија Јовица Угриновски потпишаа Меморандум за соработка.
Повеќе...
 
PDF Печати
Потпишан Меморандум за соработка

memorandunДенес во просториите на Црвениот крст на Република Македонија од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст  на РМ Саит Саити и Претседателот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија Бранимир Јовановски беше потпишан Меморандум за соработка.
Повеќе...
 
PDF Печати
Одбележан светскиот ден на крводарителството 14 јуни

den-na-krvodaritelstvoЦрвениот крст на Република Македонија го одбележа 14 јуни Светскиот ден на крводарителството под мотото “Нова крв во светот”.

Младите на Црвениот крст на град Скопје и членови на клубот на крводарители со промотивни активности, делење на пропагандни материјали, пантомима точки, испраќање на порака со пуштање на црвени балони во воздух кои ги симболизираат капките крв и со медиумски настапи го одбележаа Светскиот ден на крводарителството.
Повеќе...
 
PDF Печати
Заеднички иницијативи за партнерска соработка

log_ckЦрвениот крст на Република Македонија  со цел да ги претстави развојните цели на Црвен крст за обезбедување ресурси од корпративниот сектор на 8 и 9 Јуни 2010 година се одржаа заеднички средби со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија и претставници на Стопанската комора на Македонија, Сојуз на стопанските комори на Македонија  и Стопанската комора на северозападна Македонија.
Повеќе...
 
PDF Печати
Бесплатната СОС телефонска линија за топлотни бранови
toploten-branВо рамки на предвидените активности од Акциониот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на луѓето во Р.Македонија денеска започна со функционирање бесплатната СОС телефонска линија за топлотни бранови во Црвениот крст на Град Скопје.

Бесплатниот број на кој граѓаните ќе можат да добијат информации е 02 32 21 902  и  ќе биде отворена од 10-18 часот. На овој телефон, граѓаните ќе можат да добијат совети и препораки како полесно да се справат со високите температури и да го заштитат своето здравје, како рано да ги препознаате симптомите од можните здравствени последици и соодветно да постапат во такви состојби.
 


Страница 1 од 5

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.