Click for Skopje-Petrovec, Macedonia Forecast     Температура Скопје :
       МЕНИ
         Линкови


1
1
1
1
.

         Пребарување

         Контакт


Macedonian Red Cross
Blvd. “Koco Racin 13” Skopje
tel. ++ 389 2 3114 355
tel. ++ 389 2 3230 542
mrc@redcross.org.mk
www.redcross.org.mk

         ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


  ПРВА ПОМОШ . . .

 

[Активности на Црвениот крст на Република Македонија]

   Прва помош е почетна грижа за повреденото лице на самото место на несреќата. Грижата се состои во благовремено превземање на внимателни постапки, мерки и активности, со цел да се: зачува животот, заштити од понатамошно повредување, намали болката и стравот, спречат можните компликации и подобри општата состојба на повредениот. Грижата трае од моментот на откривањето на повредениот, па се до моментот кога повеќе не му е потребна прва помош или до превземањето на повредениот од квалификувани лица за стручна медицинска помош. Како интегрален дел од промоцијата на здравјето, тренингот по прва помош вклучува информации како да се спречат повредите и болестите и ги опфаќа индивидуите, семејствата и заедниците како во нивното секојдневие така и во услови на катастрофи.

    Превенцијата и здрвиот разум се клучни во едукацијата за првата помош. Применувањето на првата помош е поврзано со знаење вештини и опрема кои се едноставни и лесни за пристап и користење. Усогласувањето на техниките за зачувување на животот е фактор кој допринесува за зголемена примена на првата помош.


  Црвениот крст на РМ, остварува бројни активности на планот на едукацијата и оспособувањето за давање на прва помош.

  Комисијата прва помош и при Црвениот крст на РМ во рамките на подоготовките за спроведување и одржување на натпреварите на екипите за прва помош на сите нивоа, организира инструктивен семинар со доктори кои учествуваат во реализацијата на наставата по прва помош во општинските организации на Црвениот крст.

На семинарот се разгледуваат супозициите по кои се работи на општинските,регионалните и државниот натпревар на екипите за медицинска прва помош, согласно усвоената дотрината на ниво на целата држава.

Како неразделен дел на првата помош е и реалистичкото прикажување на рани и повреди.

Посебна активност на планот на првата помош е реализацијата на наставната програма за едукација и оспособување на идните возачи за укажување на прва помош во случај на сообраќајна незгода.


    Во делот на едукацијата по прва помош посебно место завзема едукацијата по прва помош за вработените во општествено политичките заедници, владиниот сектор, нервладините организации, работните организавии и други. Црвениот крст на РМ, на овој план има подготвено посебни програми за едукција на вработените во овие организации.

Согласно програмските активности на Меѓународната федерација на ЦК и ЦП, Црвениот крст на РМ на 10 септември го одбележува Светскиот ден на првата помош.

 

        Календар на активности


        Биди волонтер


КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Во Република Македонија во организацијата на Црвениот крст на Р.Македонија, работат 34 општински организации и Градската организација на Црвениот крст во Скопје.
Секој граѓанин на нашата држава кој е заинтересиран за вклучување во реализацијата на активностите на Црвениот крст на Република Македонија, може истото да го стори со посета на една од општинските организации на Црвениот крст...

Читај Повеќе...

       


 
Copyright © 2008 Macedonian Red Cross
Created and Hosted by DNW Solutions