СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Црвениот крст на Република Македонија е доброволна, масовна и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Македонија и дејствува и работи како невладина и непартиска организација и како единствена организација на територијата на Република Македонија.
Според Статутот на Црвениот крст на Република Македонија, организационата структура е на државно, општинско ниво, градска организација на Скопје и основно ниво.
Раководната структура ја сочинуваат: Собрание од 75 претставници на општинските организации од кои задолжително претседателот на општинската организација и четворица прет-ставници на младите на Црвениот крст, Претседател на Собранието кој истовремено е и Претседател на Извршниот одбор, двајца потпретседатели, финансиска комисија, Извршен одбор од 15 чле-нови и советодавни тела на Извршниот одбор.
Надлежностите на органите за раководење се посебно ут-врдени со Статутот. За управување со стручните служби се избира Генерален секретар кој професионално ја извршува функцијата која се утврдува со Статутот.
Членовите на Црвениот крст на РМ, опфатени во подмладок и младина на Црвениот крст се организираат во Младина на Цр-вениот крст на Република Македонија.
СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Црвениот крст на РМ е организиран на:
· Државно ниво
· Општинско ниво
· На ниво на Град Скопје
· Основно ниво
Раководна структура на Црвениот крст на РМ:
· Собрание
· Претседател
· Потпретседател
· Извршен одбор
· Финансиска комисија
Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РМ е Собранието на Црвениот крст на РМ кое брои вкупно 75 члена.
Собранието е составено од:
Избрани членови предложени од општинските организации на Црвениот крст.
Избрани членови предложени од Младите на Црвениот крст.
Претседателите на собранијата на општинските организации на Црвениот крст.
Мандатот на членовите во Собранието е 4 (четири) години со можност за повторен избор
Извршниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ е орган на Собранието кој раководи со националното друштво помеѓу седниците на Собранието.Бројот на членовите на Извршниот одбор е 15.
Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на РМ, со мандат на членовите на Финансиската комисија од 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
Извршниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела.
Постојани советодавни тела се:
Комисија за развој и организационо-кадровски прашања;
Комисија за дисеминација.
Комисија за здравствено-превентивна дејност и крводарителство.
Комисија за социјално-хуманитарна дејност.
Комисија за подготвеност и дејствување при катастрофи.
Комисија за службата за барање.
Комисија за информирање и комуникации.
Комисија за маркетинг.
Комисија за статут и нормативни акти.
За извршување на секојдневната оперативна работа, Собранието формира Стручна служба, која ги врши стручните , материјално-финансиските и административно-техничките работи.
Со Стручната служба раководи Генерален секретар.
Членовите на Црвениот крст на РМ опфатени во подмладокот и младината се организираат во : Млади на Црвениот крст на Македонија.
Учеството на младите во организацијата на Црвениот крст на РМ се регулира со Правилник за организација и работа на Младите на Црвениот крст.
|