ЗДРАВСТВЕНО ПРЕВЕНТИВНА
ДЕЈНОСТ. . .
Активностите на здравствено - воспитен план, Црвениот крст на Република Македонија ги реализира во согласност со стратешките определби, мандатот на организацијата и календарот на традиционалните активности на националното друштво, со можност за проширување на делокругот на работа преку реализација на програми и проекти. Посебен приоритет во работата се дава на активностите поврзани со: превенцијата на туберколозата, превенција на малигните заболувања, превенција на ХИВ/СИДА, превенција на зависности со посебен акцент за намалување на штетите од користење на дроги, заштитата на репродуктивното здравје на жената и заштита на новороденчињата, како и оспособување на населението за прва медицинска помош.
Согласно член 28 од Законот за Црвениот крст на РМ, традиционалните недели, на планот на Здравствено -хуманитарната дејност кои се одбележуваат се:
• 01. - 08. Март “Недела на борба против ракот”.
• 14. - 21. Септември “Неделата за борба против туберкулозата”.
• 01. - 07. Декември “Неделата за борба против СИДА-та”.
За време на одбележувањето на истите се спроведуваат следните активности :
· Дистрибуција на пригодни предавања од областа за заштитата од малигните заболувања, туберкулозта и СИДА-та.
· Изработка и дистрибуирани пригодни плакати.
· Изработка на доплатни поштенски марки.
· Изработка и дистрибуција на налепни маркици.
Во реализацијата на активностите активно се вклучуваат електронските и печатени медиуми.
Црвениот крст на РМ, согласно календарот на редовни акции, на планот на Здравствено -хуманитарната дејност се одбележуваат следните традиционални денови и недели:
• 21. 28. Февруари “Недела на борба против срцевосадовите заболувања”.
• 27 март “ Ден на здравственото воспитание “.
• 10. - 16. Октомври “Неделата на борба против шеќерната болест”.
• 23. - 28. Ноември “Неделата на борба против алкохолизмот, наркоманијата и пушењето”.
• 15. - 21. Декември “Неделата на забоздравствена заштита”.
За време на одбележувањето на истите се спроведуваат следните активности :
· Дистрибуција на пригодни предавања.
· Изработка и дистрибуирани пригодни плакати.
Во реализацијата на активностите активно се вклучуваат електронските и печатени медиуми.
Во рамките на активностите на секторот за здравствено-хуманитарна дејност се организираат семинари и работилници за оспособување на едукатори кои што потоа ќе вршат едукација на населението од областите на превентивната здравствена заштита.
На планот на здравствено-хуманитарна дејност, Црвениот крст на РМ, реализира проекти за:
· Превенција на ХИВ/СИДА кај ранливи групи.
· Превенција на дроги во основните училишта.
· Намалување на штети од употреба на дроги.
· Работа во оддалечени гранични области.
· Здравствено воспитание, врсничка едукација за дроги и СПБ.
· Јакнење на капацитетите – одбележување на традиционалните недели на борба против ракот, туберкулозата и СИДА-та.
· Јакнење на капацитетите за превенција на ХИВ/СИДА.
· Одбележување на Неделата на борба против СИДА-та.
Сите овие проекти се финасирани од страна на донатори и тоа: ХОПЕ, Меѓународна федерација на ЦК и ЦП, Италијански Црвен крст, Норвешки Црвен крст, Меѓународен комитет на Црвениот крст и други.
Црвениот крст на РМ активно се вклучи во во борбата против заразните и инфективни болести а посебно во превенцијата против птичјиот грип.
|